За нас
Нашата Мисија
Нашата мисија е да обезбедиме квалитетни и долготрајни решенија за водовод, канализација и санитарија, преку соработка со доверливи партнери и грижа за потребите на секој клиент.
Нашите Вредности
Во Ане Компани Плус се водиме од квалитет, доверба и професионалност. Веруваме во долгорочни партнерства, внимателна услуга и постојано усовршување. Нашата цел е да понудиме модерни и сигурни решенија за секој клиент
Нашата компанија се занимава со набавка, продажба и транспорт на материјали поврзани со водовод и канализација. Иако како самостојна фирма постоиме од 2015 година, нашето искуство започнува уште од 2002 година, кога работевме како подружница на Ане Компани МБ - Тетово. Во нашиот асортиман можете да најдете висококвалитетни цевки, фитинзи, вентили, сливници и дополнителни материјали за одвод и довод, достапни во сите димензии и од повеќе реномирани производители. Располагаме со голем магацински простор што ни овозможува постојана залиха од речиси сите производи, со што обезбедуваме брза и ефикасна испорака. Лоцирани сме во Скопје, на само 5 километри од центарот на градот, а вршиме достава низ цела Македонија. Нашиот стручен тим со долгогодишно искуство секогаш е подготвен да ви помогне при изборот на најсоодветни производи и решенија, прилагодени на вашите потреби.
"Сигурна услуга и врвен квалитет на материјали. Со Ане Компани Плус работиме веќе неколку години и секогаш се точни и професионални."
Милован Нацковски
